Здрав пијалок со чиа семе | Рецепт
Здрав пијалок со чиа семе | Рецепт
Здравите пијалоци се секогаш добредојдени. Новиот рецепт што ви го пренесуваме е одличен избор за оние кои сакаат чиа семе.

Подготовката на овој пијалок со чиа семе, кој е сладок, здрав и вкусен, е многу лесен.
Се што ви треба се:
половина литар млеко
осумдесет и пет грама чиа семе
осумдесет и пет грама мед
две лажички екстракт од ванила
дваесет и пет грама какао (органско)
опционални јаткасти плодови или овошје
Како да се подготвите?
Во блендер ставете млеко, какао, чиа семе, мед и екстракт од ванила и сè измешајте. Мешајте додека не добиете еднолична кремаста маса. Потребни се околу 60 секунди за да се добие саканата смеса.
После тоа, треба да ја префрлите смесата во помали садови и да ја оставите во фрижидер неколку часа или преку ноќ.
После тоа, можете да го консумирате овој напиток и да го послужите со јаткасти плодови или некое овошје по желба.
Уживајте!